Прекрасна и уникатна женска носија од селата под Сува Гора, една од најретките Македонски народни носии и една од најбараните колекционерски носии. Покрај сите елементи што ја прават оваа носија комплетна и вистинска реткост на понуда моментално, вреди да се напомене дека оди со автентични пафти за тој регион, како и екстра ретката кошула во овој комплет, позната под името Реканска кошула. 

Извонредна и единствена, специјална понуда за сериозни колекционери. 

 

Доколку имате било какви прашања за овој оглас, контактирајте не во било кое време.

 

Плаќањата се вршат преку PayPal  и системот на BalkanAuction. Секој купувач е заштитен. 

 

Овој предмет ќе биде испорачан по пошта. За подетални информации за праќањето и број за следење на пратката, контактирајте не слободно.