Прекрасни пафти од почетокот на 20 век, рачно изработени од сребро и со позлата. Овие пафти може да се сретнат на женски носии од селата во Кумановско поле и во некои случаи кај носии од селата во Скопска Блатија, имајќи предвид дека овие 2 региони се соседни.
Пафтите се зачувани во одлична состојба, без оштетувања.
Ширината на пафтите е околу 15 цм.
Доколку имате било какви прашања за овој оглас, контактирајте не во било кое време.
Плаќањата се вршат преку PayPal и системот на BalkanAuction. Секој купувач е заштитен.
Овој предмет ќе биде испорачан по пошта. За подетални информации за праќањето и број за следење на пратката, контактирајте не слободно.