Ова е многу ретка престилка, со висока колекционерска вредност, дел од невестинска носија од селата во Порече. Престилката потекнува од 1920те години и е зачувана во одлична состојба, без оштетувања.
Ова е многу голема престилка (за овој регион и за невестинска носија) што ја прави уште поретка и повредна.
Димензиите на престилката се: 80 x 80 цм.
Доколку имате било какви прашања за овој оглас, контактирајте не во било кое време.
Плаќањата се вршат преку PayPal и системот на BalkanAuction. Секој купувач е заштитен.
Овој предмет ќе биде испорачан по пошта. За подетални информации за праќањето и број за следење на пратката, контактирајте не слободно.