Извонредно парче накит за глава, тепелук, од почетокот на 20 век. Големи димензии за тепелук, речиси невозможно да се најде со овие димензии, со дијаметар од 13 цм или заедно со паричките дијаметар од 23 цм. Тежината на тепелукот е 333 грама.
Зачуван е во многу добра состојба, како што можете и да видите на сликите.
Тепелук како овој можело да биде видено на невистински носии во селата од Мавровско поле и Горни Полог (со оглед на тоа дека се соседски региони може да се носи и на едните и на другите носии).
Доколку имате било какви прашања за овој оглас, контактирајте не во било кое време.
Плаќањата се вршат преку PayPal и системот на BalkanAuction. Секој купувач е заштитен.
Овој предмет ќе биде испорачан по пошта. За подетални информации за праќањето и број за следење на пратката, контактирајте не слободно.