Женска народна носија од селата во Скопскиот регион, Скопска Блатија. Носијата е интересна, атипична за овој регион со потемни нијанси на боите што ја прави многу ретка и со вистинска колекционерска вредност и уникатност. Појасот и престилката посебно се издвојуваат како две од највпечатливите и највредни парчиња, вооедно и многу ретки. 

Носијата, сите елементи од неа, се зачувани во одлична состојба без забелешки, освен едно мало оштњетување на престилката. Оштетувањето на престилката подобро може да се забележи на последната слика. 

 

 

Доколку имате било какви прашања за овој оглас, контактирајте не во било кое време.

 

Плаќањата се вршат преку PayPal  и системот на BalkanAuction. Секој купувач е заштитен.

 

Овој предмет ќе биде испорачан по пошта или ДХЛ. За подетални информации за праќањето и број за следење на пратката, контактирајте не слободно.