Прекрасен комплет, детска автентична носија од горни Битолски села од 1920-1930те. Носијата е соодветна за момичиња на возраст од 6 до 10 години зависно од физиономијата на девојчето. Сите елементи од носијата се зачувани во одлична состојба за возраста на самата носија. Рачно ткаена, рачно везана и рачно шиена. 

Редок примерок на автентична носија за девојче од  Битолскиот регион во одлична состојба. 

 

Доколку имате било какви прашања за овој оглас, контактирајте не во било кое време.

 

Плаќањата се вршат преку PayPal  и системот на BalkanAuction. Секој купувач е заштитен. 

 

Овој предмет ќе биде испорачан по пошта. За подетални информации за праќањето и број за следење на пратката, контактирајте не слободно.